.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Кога секундите му изгледаа(т) како вечност

Кога секундите му изгледаа(т) како вечност

                       Иако  во својата кариера на спасувач навикнал да се соочува со  многу предизвици и непредвидливи ситуации, тој ден вечно ќе го памети.

        Беше обичен летен августовски ден, кога му беше јавено дека еден велосипедист, бајкер,  на возраст од 25 години, под врвот на Пелистер, на местото викано “Широка “  паднал од велосипедот и  тешко се повредил.

        Немаше време за размислување, ниту тој од други да бара помош.Веднаш се подготви и со својот   сопствен мотор се упати кон врвот на Пелистер. Возеше како да е на трка.  Вели буквално летал по кривините на Пелистер. Во тие моменти, движејки се со моторот кон врвотна Пелистер секундите му изгледале како вечност. Постојано гледал на часовникот и се прашувал дали ќе стигне на време.

        Иако не  го мерел времето сепак подоцна видел дека на врвот на Пелистер стигнал за само 30 минути.

        Така брзо на Пелистер вели  во шега не би можел да стигне ни хеликоптер.

Откако го пронашол бајкерот, кој со тешки повреди на главата и рацете бил во бесознание и му укажал прва помош  го имобилизирал . Подоцна, кога му се придружиле неговите колеги, спасувачи од Дирекцијата за спасување на Битола, бајкерот, со теренско возило бил  спуштен од врвот на Пелистер и пренесен во Клиничката болница во Битола, каде бил хоспитализиран.

        Денес бајкерот е жив и  здрав и се опоравува од тешките повреди.

        Вакви и слични ситуации, Петар Нолев  во својата над 15 годишна кариера  на  професионален спасувач имал безброј. Некои ги памети, некои ги заборавил  веднаш по другите спасувачки акции кои следувале, бидејќи како што вели тоа за него била вообичаена работа и работна обврска.

        Во битката со времето во најголем број случаи стиганл навреме да ги спаси тие кои побарале помош од него и Дирекцијата за спасување,  и живи да ги извлече од  планинските беспаќа, каде исчезнале, но имало ситуации кога “задоцнил “ и  на тие  кои побарале помош не можел да им помогне.

         Планината и природата се вели тој  негов начин на живот.

        Петар Нолев, кој има 42 години не сака многу да зборува за себе. Тој преку 15 години е  во  Горската служба за спасување при Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

        Последните 10 години е раководител на тимот за спасување  на планински и високи објекти.Ги има добиено речиси сите сертификати за завршена обука за планински водач со “А” лиценца-издадена од Федерацијата за планински спортови на Република Македонија-член на УИАА (Меѓународната Федерација за искачување и планинарство) и БМУ (Балканската планинарска унија). Член е  на УСАР (Урбана потрага и спасување) и на тимот за планинско спасување при Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија, член на ПСК “Пелистер”.

Има искуство во водењето и организирањето на речиси сите експедиции кои Моунтаин Солутион ги понудила и организирала почнувајќи од искачувања во целосно зимски услови, скијачки експедиции, ски тури, курсеви за планинарење и престој во недостапен терен. Во моментот работи за Моунтаин Солутион во ски-центарот Копанки при Националниот Парк Пелистер на одржување на безбедноста на обележаните ски-патеки, евакуирање на повредените од ски-патеката и прв одговара при скијачки незгоди.

-Љубовта кон планината кај мене се јави уште од мали нозе, кога како дете прв пат се искачив на Пелистер. Пелистер е мојот втор дом, каде поминувам повеќе време отколку дома. Моите пријатели знаат ако не сум дома, тогаш сигурно сум на Пелистер и таму ќе ме најдат.

Тоа е непредвидлива планина каде времето се менува буквално во  час. Се случува понекогаш во среде лето, кога буквално од високите температури  каменот се “ топи “ на Пелистер, за еден неполн час  да фати вистинска зима со снег, виулици, ветришта и да паднат големи количини дожд.

Има и обратни ситуации, кога во зимски денови, на Пелистер времето толку брзо да се промени и да помислиш дека е лето.

Затоа  се случува многу љубители на планинарството, па дури и  искусни планинари, кои не ја  знаат добро планината,  на сред лето да се изгубат на Пелистер и да не можат да се снајдат како да излезат на патот, вели Петар Нолев.

        Се случувало некои лица кои ќе изчезнат да ги најдеме дури по неколку дена,  некогаш мртви, но и живи.

        -Таков беше случајот кога ни јавија дека еден жител на Цапари, кој боледувал од деменција  исчезнал. Го баравме насекаде и никако не можевме да го најдеме. Го најдовме дури по неколку дена, како седи на еден камен, за среќа жив.

        Со сличен случај се соочивме неодамна, кога по три дена потрага го најдовме  за срека жив еден возрасен битолчанец на “Тумбе Кафе” каде  во еден ендек беше паднат во бесознание, вели Нолев, кој затоа преудпредува дека одењето сам в планина е мошне ризично.

        -Планната, а посебно Пелистер е резична и за искусни планинари, а не за обични љубители на планината и природата, кои се обидуваат сами да ја “освојат “.Затоа е потребно секое искачување на Плеистер добро да се подготви и осмисли и да се пријави, не само кај своите пријатели и блиски, туку и на Горската служба, зашто во спротивно може да биде кобно.

        Инаку покрај честите спасувања и извлекувања на исчезнати и залутани  лица на Пелистер и други планини,  Петар Нолев со својот тим доста долго ќе го памети спасувањето на преживеаните по земјотресот во Драч, Албанија, во 2019  година, каде тој учествуваше со уште тројца битолчани.

-Спасувањето на преживеаните во Драч, Албанија беше ново искуство за мене. Буквално цела ноќ се боревме под урнатините да извлечеме што повеќе настрадани. Се соочувавме со многу тешки ситуации. Во една ситуација,  од 2 часот по полноќ до 7 часот утрото се боревме да ги спасиме двајца браќа врз кои се урна куќата во која живееле. Нивните семејства се спасиле, но мажите останале затрупани под урнатините 

За жал по неколку часа потрага  ги пронајдовме,  но беа мртви.

Тие моменти беа тажни многу тажни, како за нас, така и за членовите на нивните семејства, вели Нолев.

Инаку Петар Нолев иако со сето тоа што го има направено во спасувањето на исчезнатите лица, вели дека тоа  не е  само негов успех, туку е  успех на неговата  Горска екипа за спасуванње, затоа што нивната работа е тимска, а не индивидуална.

-Во нашата работа за спасување клучна улога има тимот, а не поединецот, зашто без добро уигран тим нема успех., вели Нолев.

       

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*