Don't Miss
Home / Uncategorized / Колку заработуваат советниците на Заев

Колку заработуваат советниците на Заев

Истражувачката репортерска лабораторија изминатите три дена објави серијал стории за надворешните соработници на премиерот Зоран Заев. Тој има вкупно 39 надворешни советници од речиси сите области – од економија, дипломатија, здравство, регионална политика, социјала, спорт, односи со јавноста итн. Меѓу нив има домашни и меѓународни истакнати професионалци, но и контроверзни ангажмани.

Денеска е објавен целиот список на надворешни соработници кој ИРЛ го доби согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. На листата се 40 надворешни соработници, а во меѓувреме професорот на Правниот факултет во Скопје Александар Спасов кој бесплатно го советуваше премиерот, премина во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*