Home / Вести / Комеморација за бегството на политичките затвореници во Битола

Комеморација за бегството на политичките затвореници во Битола

           

            На 6 септември  1944 година,  во Битола се случи бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија.

По тој повод пред споменикот   подигнат  на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, советници од Советот на општина Битола, како и претставници на Сојузот на борци.

            -Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него

. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот, беше речено на  комеморацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*