Don't Miss
Home / Колумни / Концертна (анти)депресија

Концертна (анти)депресија

                  

          Ковид кризата повторно се заканува да ги наполни Инфективните одделенија и модуларните болници.

          Во Македонија, а во таа смисла и Битола повторно се зголемува бројот на позитивни на Ковид 19.

          Бројките на новозаразени, кои неколку дена редовно се троцифрени, се загрижувачки.

          И покрај тоа што сме во летни месеци, кога температурите на воздухот се над 35 степени, секојдневно се зголемува бројот на новозаразени од Ковид 19.

          Прогнозите дека со стоплувањето на времето ќе ја снема короната се покажаа како неточни.

           Високите бројки на новозаразени ги принудија здравствените власти повторно да донесат рестриктиви мерки, па така во иднина, поточно од 16 август,  сите граѓани не ќе можат да влегуваат во затворени објекти без потврда за вакцинација.

          Иако засега медицинските работници се воздржани, сепак доколку продолжи ваквиот голем тренд на новоразени по се изгледа во наредните месеци ќе не чекаат нови рестриктивни мерки и затварања.

          Како и минатата година така и ова лето се покажа дека опуштањето скапо не чини.

          По 1, 5 година од присутноста на коронавирусот кај нас,  некако сите премногу се опуштија.

          Олабавувањето и непочитувањето на мерките и протоколите повторно скапо не чини.

          Македонија преку ноќ стана најпосакувана дестинација за голем број музички ѕвезди.

          Во Охрид и Битола  секојдневно се одржуваа разни концерти на бројни музички групи и пеачи.

          Ракометното игралиште и “Хераклеја” станаа најпосетувани концертни места.

Колку Битола стана атрактивна за српските пеачи најдобра потврда е што  за кусо време некои  (не)познати менаџери желни за брза заработувачка,а со сесрдна поддршка на државните и општинските институции  во Битола  ги донесоа  голем број популарни српски пеачи и групи од Бајага и инстрктори, Хари Мати Хари, Сергеј Четковик, Аки Ракимовски, Дадо Топик., Лепа Брена.

          Ваквите чести  скапо платени концерти, на кои главно не се почитуваа здравствените протоколи најчесто се правдаа со тоа дека на народот, по 1,5 година справување со пандемијата му е потребна забава за излегување од колективната депресија што ни ја донесе пандемијата.

          Битола стана град каде во еден ден се одржуваа и организираа по неколку културни и музички настани, за кои се бараше влезница повеќе.

          Кога тука ќе се додадат организацијата и на бројните веселби, венчавки, крштевски, свадби, забави, журки… тогаш сосема нормално е што и Битола стана град каде пандемијата почна брзо да се шири.

          Тоа што загрижува е што покрај лакомите менаџери и организатори голема негрижа за последиците од таквите бројни и масовно посетени музички забави покажаа и надлежните државни институции кои сето тоа мирно го следеа, без да преземат било какви мерки за забарана на настаните или нивно санкционирање.

          За тоа во каква атмосфера се одржуваа концертите најдобра потврда е што една од најреномираните музички продукции “Авалон”  поради таквата хипер инфлација на концерти  дури одлучи концертите планирани да ги одржи овој месец  ги префрли за наесен.

Во соопштението упатено до јавноста од оваа музичка продукциска кука нагласија дека концертната сезона 2021 ке биде запаметена по нереално многу случувања во само две недели. Па така, Авалон продукција (во договор со менаџментот на изведувачите) одлучи следните проекти, концертите на Данијела Мартиновик и Ван Гог во Охрид и во Битола, наместо овој викенд, да ги префрли во Скопје, за доцна есен.

Причината за оваа одлука е неверојатната хиперпродукција на концерти во Охрид и во Битола,досега незапамтена, дури и по неколку во исти денови.

          Слично во Битола беше и минатата година кога надвор од протоколите се држеаа на “Хераклеја” бројни концерти на кои имаше многу повеќе публика отколку што беше капацитетот на овој локалитет..

          Познат е случајот со  хрватскиот пејач Петар Грашо за чиј концерт на “Хераклеја” беа продадени многу повеќе влезници од капацитетот на амфитеатарот.

          Но за тоа никој не сносеше одговорност.

Коа сатанува збор за пандемијата кај нас бројките се алармантни.

Македонија е во самиот врв не само по бројот на заразени лица, туку и по бројот на починати.

          До пишувањето на овој текст вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија  од почетокот на епидемијата изнесува 157.251. Од нив дури е 5.502 не успеаја да ја преживеат пандемијата.

Тоа е огромна бројка.

И во Битола која имаше над. 6.350 заболени лица голем број не успеаја да  се изборат со оваа подмолна  и досега невидена заразна болест.

           Многу наши роднини, пријатели, соседи, колеги не ја преживеаја пандемијата.

          Сите ние во оваа 1,5 година изгубивме по некој наш драг роднина, пријател, другар…

          Од тие кои ја прележаа пандемијата имавме можност да слушнеме и разбереме колку коронавирусот е опасна болест.

          Тоа постојано ни го кажуваа и здравствените работници кои  1,5 година не ги соблекоа скафандерите.

          И кога сето тоа го знаеме, мислам дека е крајно време конечно да научиме дека нема играње  со пандемијата.

          Тоа како народ кој се грижи за себе и своите најбликси треба да го знаеме.

          Но мислам дека е крајно време и надлежните здравствени институции и надлежни инспекциски органи да не си поигруваат ни со мерките, ни со пропустите кои ги следат музичките случувања.

          Лекувањето од депресијата која ни ја донесе пандмеијата со организрање на забави и музички журки не ја препорачуваат ни најпаметните психијатри, или психотерапевти.

          Напротив сега од било кога порано не ни требаат ни најмали импровизации.  Импровизациите знаеме до каде не донесоа.      Музичката   антидепресивна терапија  да ја оставиме за други подобри времиња.

          Има време за забави и журкања.

          Сега приоритет број 1 треба да ни биде зачуваување на здравјето, најпрво  на своето, а со тоа и на своите најблиски.

          Доволно сакапа цена плативме од соочувањето со пандемијата. За разлика до нас таа не знае да импровизира или да прави селекција.

          Таа е безмилосна во остварувањето на својата цел да го покори светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*