Home / Избори 2021 / Кондовски ја има поддршката од НСДП и битолскиот огранок на ДУИ

Кондовски ја има поддршката од НСДП и битолскиот огранок на ДУИ

            Христо Кондовски ја има целосната поддршка од нас како партија, за кандидат за градоначалник на Битола, порача претседателот на НСДП Тито Петковски по средбата со Кондовски. 

“ Сакам да ја искажам нашата поддршка за заедничкиот кандидат Христо, бидејќи ги има сите предиспозиции да го води градот.  На овие избори ние бираме локална самоуправа, луѓето што ќе го водат и менаџираат градот. Значи не лидерите на партиите, туку еден човек ќе го менаџира градот.  Ако сакате фото робот за тоа како треба да изгледа еден градоначалник на еден голем град ,како што е Битола, тоа е Христо. Прво е сопруг, татко, родител, ваш сограѓанин без дамка на себе. Зад себе има богато искуство како бизнисмен и професионален живот”, рече Петковски правејќи споредба меѓу Христо Кондовски и противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски. Па, Петковски се прашува од каде толку лекари пројавија желба да се занимаваат со политика наместо за помагаат во здравството. 

“ Наспроти Христо имате човек лекар и толку, тој треба да помага на луѓето од сферата на здравство, и тој ги нема тие способности и потенцијалот да менаџира со градот подобро од човек што менаџира фирма, вработува и обезбедува со плата голем број на семејства како што е Христо. Не знам каде толку испаднаа мераклии лекарите за политиката, не велам само за Битола, туку општо?! Значи од одличен лекар испаѓа просечен политичар”, рече Петковски.

Според него битолчани имаат шанса да го изберат најдобриот градоначалник.

“ Граѓаните ако се лути на централната политика на власта не треба да го казнуваат Христо, туку треба да го изберат како најдобар градоначалник. Партиите не треба да се мешаат во водењето на градот, туку да се гледа квалитетот на човекот кој што ќе го води градот”, рече Петковски. 

Претседателот на НСДП смета дека Зоран Заев како лидер на СДСМ го направил вистинскиот потег кога одлучил наместо политичар за кандидат за градоначланик на Битола да избере човек од бизнисот и реалниот сектор.

“ Изборот на Христо е еден од најуспешните потези на Заев, што се определи за таков човек. Во некои скандинавски држави  е забрането градоначалникот да има партиско и политичко искуство. Тој ќе биде татко на градот на сите граѓани”, рече Петковски.  

„ Особено ги почитувам ставовите на претседателот Тито Петковски околу тоа како треба да се одвиваат и како се одвивале локалните избори во нашата држава, посебно во нашата општина. Тој е еден искусен и државотворен политичар и затоа какао што кажав ги ценам неговите ставови. Во нашиот фокус во периодот е обединувањето, со ова даваме јасна порака дека се обединуваме, дека сме еднои прогресивни, конститутивни и државотворни сили, кои во иднина ќе ја менаџираат Битола заедно со сите коалаициони партнери“, рече Христо Кондовски, кандидат за градаоначалник од СДСМ и коалицијата.

Кондовски денеска се сретна и со Претседателот на битолскиот огранок на ДУИ, Љутфи Ахмети и со советничката во Советот на Општина Битола, Мерита Исмаили. На средбата беше потврдена заложбата на коалицискиот партнер на СДСМ за обединување кое ќе донесе победа во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*