Don't Miss
Home / Вести / Кондовски : Општината Битола ќе добие Одделение за култура

Кондовски : Општината Битола ќе добие Одделение за култура

Како градоначалник ќе се залагам за институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти, организирање на културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво, негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и културните вредности.

Како битолчанец особено сум горд на големиот број културни манифестации кои традиционално се одржуваат во градот, почнувајќи од престижните фестивали Браќа Манаки и Илиденски денови, па се до најмалите, но не помалку значајни културни настани кои го градат културниот идентитет на Битола.

Сите тие ќе добијат посебно внимание од мене и од општинската администрација и тоа во делот на организирање, финансирање и меѓународно промовирање.

Воедно, формирањето на Културно информативен центар во чии рамки ќе бидат Киното Манаки и Офицерскиот дом, ќе го збогати културниот живот на  граѓаните на Општина Битола.

Во Општина Битола, уште при моето прво влегување, ќе се зафатам со формирање на Одделение за култура. Не може да ја нарекуваме Битола град на културата, а во локалната администрација да нема функционална целина која ќе биде посветена на помош и поддршка на културните работници и организации во Битола. Тој недостаток ќе го поправам и ќе овозможам културните дејци да имаат канализиран начин на комуникација со градоначалникот и општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*