.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Кондовски : Општината и битолскиот универзитет ќе бидат во функција на локалниот економски развој

Кондовски : Општината и битолскиот универзитет ќе бидат во функција на локалниот економски развој

Силна и редовна соработка помеѓу локалната самоуправа, битолскиот универзитет и бизнис секторот е клучна за да се обнови брендот на Битола како универзитетски град! Овој линк мора да биде ставен во функција на локален економски развој на општината!

Ова денеска го истакна кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Битола, Христо Кондовски, по средбата со универзитетски професори и ректорската управа на Универзитетот „Свети Климент Охридски“- Битола.

Посочи дека средбата следи по денешната промоција на проектот за Технолошки парк, со кој младите ќе добијат институционална поддршка своите бизнис идеи да ги реализираат во пракса.

Кондовски воедно нагласи дека локална самоуправа што ќе ја предводи максимално ќе го поддржи битолскиот универзитет во напорите да продуцира кадри какви што бара пазарот на трудот, а практикантските програми ќе се насочат кон оние сектори во стопанството каде тие кадри се најпотребни.

“Целта е секој млад човек, тука во Битола да си го најде местото. Тука да се образува и да добие можност да гради кариера во својот дом“ – рече Кондовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*