Христо Кондовски, кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Битола, на прашањето на новинарите како ја оценува вчерашната промоција на кандидатите за градоначалници во Битола истакна:
-Лично сум презадоволен не само од тоа како беше организрана промоцијата на кандидатите, туку и од поддршката што ја добив од лидерот на СДСМ, Зоран Заев и посебно од моите сограѓани битолчани.
Тоа ми дава дополнителен мотив и сила да се ангажирам уште повеќе да ја доближам мојата програма до моите сограгани.
Поддршката на битолчани посебено ме мотивира и стимулира во оваа изборна трка да дадам се од себе да извојувам победа, која ќе биде не само моја победа, туку и победа на моите сограѓани, изјави Кондовски.