Home / Uncategorized / Конечно асфалт во Долно Оризари

Конечно асфалт во Долно Оризари

Пет улици во населеното место Долно Оризари, за прв пат добија  асфалт, со што калливите улици, стануваат минато за жителите на оваа населба.

Со средства од Општина Битола, најпрво беа променети водоводните приклучоци кон градската водоводна мрежа, по што следуваше тампонирање на улиците и асфалтирање во должнина од еден километар.

Покрај овие пет улици, наскоро се очекува да отпочне изградба на уште две улици, со помош на Пелагонискиот плански регион. Вкупната инвестиција на улиците е во вредност од 5.500.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!