Home / Вести / Континуирана грижа за Здруженијата на глуви и слепи и телесни инвалиди

Континуирана грижа за Здруженијата на глуви и слепи и телесни инвалиди

Дел од советниците на коалицијата ОДЛУЧНО, предводени од носителот на листа Валентин Груевски, денеска во Центарот за социјална работа се сретнаа со претставници на здруженијата на глуви и слепи лица и на здружението на телесни инвалиди. Разговарано беше  за проблемите кои ги имаат овие лица и начинот на кој тие можат да се решат.Заедничка беше констатацијата дека на овие лица им треба помош многу повеќе од онаа која досега ја добивале, дека оваа категорија на лица мора да има приоритет во одредени општински конкурси, и дека Битола мораме да ја направиме град кој ќе биде многу подобар за живеење. Исто така беше истакнато дека Битола мора многу повеќе да ги користи европските пари, бидејќи парите од општинскиот буџет се малку за да се задоволат сите потреби на граѓаните 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*