Home / Култура / Концертно уживање со Камерниот оркестар и диригентот Алесандро Дагостини

Концертно уживање со Камерниот оркестар и диригентот Алесандро Дагостини

Во понеделникот, во концертната сала при Центарот за култура- Битола, вистинско  концертно уживање за публиката приреди Камерниот оркестар на нивниот прв концерт за оваа година.

Диригент на концертот под наслов “Подмосковски вечери”  на Камерниот оркестар беше италијанскиот диригент Алесандро Дагостини, голем пријател на Македонија, кој соработка со битолскиот Камерен оркестар имал и претходно.

Солисти на концертот беа:  Наде Талевска сопран, Марјан Николовски тенор и Драган Микаровски баритон.

На концертот беа изведени  руски композиции и арии од Чајковски, Бородин, Мусогорски, Шоштакович, Прокофјев.

Дагостини за првпат дојде во Македонија во 2001 година во Македонската опера и балет  и течно го зборува македонскиот јазик.

Зборувајќи за концертот,  диригентот од Италија, Дагостини на македонски јазик   изјави дека Камерниот оркестар од Битола  е национално богатство и има исклучително  значење за Република Македонија.

-Соработката со Алесандро секогаш ни претставува големо задоволство. Кон крајот на 2014 година остваривме колаборација за одличниот концерт “Вечер на пијаното”. Камерниот оркестар функционира одлично во соработка со Центарот за култура и поддршката од Министерството за култура на Република Македонија. Минатата 2015 година беше доста успешна за битолскиот Камерен оркестар, со вкупно  пет одржани  концерти- изјави директорот на Центарот за култура- Битола, Борче Димитровски.

Според програмата  до крајот на оваа година , Камерниот оркестар на Битола ќе одржи уште три  концерти.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*