Home / Спорт / Кошаркарите на Хераклеја на првата позиција

Кошаркарите на Хераклеја на првата позиција

                                                ( Спорт Тим-Хераклеја 54:74(20:13,11:24,11:16 ,12:21)

 

Со  седмата победа на гостувањето во Неготино против екипата на КК Спорт Тим, кошаркарите на  Хераклеја од Битола  се искачија на првото место во Втората македонска кошаркарска лига-  Запад

Во натпреварот  против  Спорт Тим,  од  54:74 екипата на Херкалеја буквално доминираше во текот на целиот натпревар. Освем во првата четвртина, кога домашните поведоа со 7 кошеви разлика (20:13) во преостанатите 3 четвртини  екипата  на Хераклеја доминираше на теренот и оствари победа од 20 кошеви разлика.

Со  оваа победа, седма по ред, и само  2 порази, екипата на Хераклеја се искачи на првата позиција.

Најзаслужен за победата во Неготино беше играчот Борче Митревски,кој  постигна 32 поени, Ѓорги Анакиевски  забележа  16, а Стефан Мицевски 8 поени.

Со ваквите  резултати кои ги постигнува екипата на Хераклеја е на најдобар пат да биде втор клуб од Битола, кој во наредната сезона  ќе се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига.

Од тие причини играчите,тренерот и Управата на клубот упатуваат апел до Општина Битола и правните субјкети во градот,  во ракмите на нивните можности да го подржат успехот на овој битолски клуб.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!