Home / Вести / Костовски:Покрај угледот семејството изгуби 60-70 милиони евра

Костовски:Покрај угледот семејството изгуби 60-70 милиони евра

Ова е смислено сценарио, но не знам точно кој има интерес да го направи ова, рече  бизнисменот Трифун Костовски, на денешната прес конференција, по пропаѓањето на Еуростандард банка.

Тој рече дека со овој случај семејството го изгубило угледот и 60 -70 милиони евра. За нив е чудно затоа што пред два месеца најавиле дека имале инвеститор и дека ќе ја спасат банката. За нив одлуката на гувернерката била избрзана.

Костовски ја обвини Народната банка и потесното раководство на управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање.

Најави кривични пријави против претходниот управен одбор и најави дека правдата ќе ја бараат пред меѓународните институции со оглед дека тоа е странска инвестиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*