Home / Вести / Ковачевски: Енергетската трансформација почна од Олсомеј. Продолжуваме со инвестиции во сончеви и ветерни електрани

Ковачевски: Енергетската трансформација почна од Олсомеј. Продолжуваме со инвестиции во сончеви и ветерни електрани

 




ФЕ Осломеј 10MW е почеток и добар пример на енергетска транзиција, каде производните капацитети на фосилни горива, се заменуваат со енергетски капацитет што произведува електрична енергија од обновливи извори.

 Термоелектраната „Осломеј“ не беше во редовна работа со години и сега во делот каде што е завршена  експлоатацијата на јагленот се почна со инвестиции што ќе бидат не само во интерес на енергетскиот сектор на нашата држава, туку и во интерес на сите граѓани што живеат во Кичево и околината.

Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за кусо време ќе бидат функционална 10 мегаватна фотоволтаична електрана и тој тренд на оваа локација ќе се шири.

Проектот е значен не само од аспект на енергетските вредности, туку и од еколошки и социјален аспект.

Веќе преземаме активности за селектирање на потребните кадри од РЕК Осломеј и нивна преквалификација за работа во фотонапонската електрана, како и за потребите на поголемата фотонапонска електрана од 100Mw која ќе се гради како јавно приватно партнество. Така што, посветени сме и на зголемување на процентот на зелената енергија во нашиот енергетски биланс, но и на социјалната компонента при енергетската транзиција.

Продолжуваме со проектите за изградба на сончеви електрани во РЕК Битола, кои ќе заменат еден блок од термоелектраната и гасна електрана во комбинатот која ќе замени уште еден блок од РЕК Битола.

 Фотонапонски електрани ќе градиме и во Маврово, Тиквеш, Штип, Свети Николе за што имаме поддршка од Владата.

Исто така ги спроведуваме инвестициите во ветерните електрани, зголемување на капацитетот на ветерниот парк Богданци и проектот за нов ветерен парк во Миравци.

Вложуваме во хидропотенцијалот, ги обновуваме хидроелекраните, а како највисок приоритет ни останува реализацијата на капиталниот проект Чебрен, хидроелектраната која ќе донесе стабилност и сигурност на нашиот електро-енергетски систем”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*