Home / Политика / Ковачевски: Ни по три изборни циклуси не е изградена пругата за Грција

Ковачевски: Ни по три изборни циклуси не е изградена пругата за Грција

-Најавената железничка  пруга до Грција  и по  3 предизборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ ја нема. Парите од државата и од европските фондови се потрошени, подизведувачите останаа без пари, фирмата блиска до Груевски и Јанакиески…си замина од Република Македонија.

Кога СДСМ по 11 декември ќе дојде на власт пругата Битола-Меџитлија мора да се заврши во предвидените рокови. Железничкото поврзувањето со Грција ќе овозможи далеку поевтин и посигурен превоз на патници и превоз на стока на производителите и трговците.

Ова го истакна локалниот лидер на СДСМ Битола  и кандидат за пратеник во петтата изборна единица, Васко Ковачевски, на денешната прес-конференција  во Битола.

Тој притоа упати остри критики на практикувањето, како на централната така и на локалната власт.

-Цели 12 години на локално ниво и 10 години на централнао ниво , ВМРО ДПМНЕ е партија на власт.  Тие имаа доволно време и средства да го направат тоа што го ветуваа во нивните изборни програми. Покрај хаосот во здравството, образованието и другите сфери на живеење, патната инфраструктура е во крајно очајна состојба. Потрошија повеќе од 20 милијарди евра од централнот  буџет, и повеќе од 250 милиони евра од  општинската каса, а Битола е направена последна станица.

Битола е единствен голем град кој нема автопатско решение за поврзување со главниот град и соседните земји. Патување кон Скопје преку Плетвар и клисурата Дреново е ризик и за возачите и сопатниците. Градоначалник Владимир Талески  освен неколкуте тркала т.н. кружни текови , не направи буквално  друго. Во градот, улиците се дупка до дупка…автомобилите се уништуваат секојдневно. Влезовите на градот се посебна приказна, како да влегувате во град од минатиот век. Во руралната средина, дупки како кратери и кал до колена- истакна Васко Ковачевски, кој најави дека по 11 декември кога СДСМ ќе дојде на власт  ќе се изгради  автопат од Велес преку Прилеп до Битола и Меџитлија.

– Ова ќе биде нов ,,крвоток,, за Битола и регионот. Ќе се подобри комуникацијата, развојот на економијата, образованието, здравството… Регионално, со нови експресни и магистрални патишта ќе се поврзиме  со Ресен и Охрид, со Демир Хисар и Кичево. Со проектот ,,Македонија без кал,, секое село и населено место ќе добие пат со асфалт, нагласи на прес-конференцијата Васко  Ковачевски во Битола.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*