Home / Вести / Креирање политики со кои ќе се одвратат младите да ја напуштаат државата

Креирање политики со кои ќе се одвратат младите да ја напуштаат државата

Премиерот Заев на денешната панел сесија од првиот ден на Самитот „Македонија 2025“, кој трае до трети декември разговараше и за потенцијалот на дијаспората, како и за комплексноста на прашањето за заминување на дел од луѓето од државата.
Заев нагласи дека Владата работи постојано на креирање политики и сериозни ресурси во однос на олеснување на пристапот на капиталот од бизнис дијаспората во правец на отворање нови работни места во татковината.
Во однос на заминувањето на млади луѓе во странство, на дебатата се разговараше за причините, но и за стратегијата за намалување на овој број на население.
„Потребна ни е стратегија којашто којашто ќе ги адресира сите предизвици заради кои заминуваат нашите луѓе од земјата, за да можеме да ги поставиме во позиција да ги одвратиме и да ги мотивираме да останат тука. Наша должност е, сите да создаваме овде и да ја менуваме Република Северна Македонија. Да ја европеизираме со европските вредности коишто овде ќе ги почувствуваме, но и во делот на севкупниот квалитет на живот“, рече премиерот Заев на Самитот „Македонија 2025“  којшто започна денеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*