Home / Uncategorized / Кривична против битолчани кои се обиделе да шверцуваат вредни артефакти во странство

Кривична против битолчани кои се обиделе да шверцуваат вредни артефакти во странство

СВР Битола, во два одделни случаи, поднесе кривични пријави за присвојување, оштетување или уништување и изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

-Во првиот случај пријава е поднесена против К.Т.(64) од Битола, Т.Н.(31) од с. Живојно општина Новаци и З.Л.(44)  од с. Ивањевци  кои на непознат начин прибавиле два предметa кои претставуваат редок примерок со особено културно значење за Република Македонија , односно женска фигура и глава која е составен дел на истата фигура  изработени од мермер и истите ги задржале во свое владение, притоа не пријавувајќи ги на надлежните институции во РМ, соопштуваат од МВР.

nas11

Двете лица во периодот од септември до 06.10.2014 година се обиделе да ги изнесат предметите преку државната граница со Р. Грција и да ги продадат на непознато лице. Од МВР велат дека со вака превземените дејствија пријавените предизвикале штета на интересите на Р.Македонија за зачувување и заштита на културното и историско наследство.

nas2

Во вториот случај кривично се пријавени  К.В.(42)  и К.Т.К.(46) и двајцата од с. Породин, битолско, поради постоење на основи на сомнение дека извршиле кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ . Пријавените во текот на 2014 година при вршење на земјоделски работи на нива, оштетиле археолошко наоѓалиште – локалитет „Велушка Тумба“ во атар на с. Породин, кое се наоѓа во средината на обработливо земјиште, околу кое се простира заштитен појас.

Земјиштето кое го обработувале им било дадено на користење од страна на ЗК „Пелагонија“ Пријавените знаеле дека на земјиштето кое го обработуваат има локалитет, но не знаеле кои се точните граници на локалитетот бидејќи не било обележано.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*