Don't Miss
Home / Вести / Кризниот штаб Битола апелира да не се кријат контактите

Кризниот штаб Битола апелира да не се кријат контактите

                            

На денешната седница на Кризниот штаб во Битола е заклучено да се почитиваат мерките за заштита од пандемијата и да не се кријат контактите.

 Според информацијата на директорката на Центарот за јавно здравје, Елизабета Крстева,  минатата недела  во Битола  е забележано  мало зголемување на бројот на заразени лица со ковид  19, но сеуште не може да се зборува за состојба на геометриска прогресија во градот.

 -Присутна е појава на асимптоматски случаи, а возрасната граница кај заболените во Битола се спушта, така што заболуваат и сограѓани на возраст помеѓу 20 и 30 години, вели Елизабета Крстева.

Имајќи ги предвид, претходно споменатите факти, ваквата состојба мора да ја подигне свеста и совеста кај граѓаните и сите тие да се однесуваат согласно препораките и протоколите за заштита од ковид 19.

-Задолжителното носење на заштитна маска, одржувањето на редовна хигиена на рацете и држењето на социјална дистанца, се клучните мерки согласно кои мораме секојдневно да функционираме. Нивното непочитување, криењето на контактите со други лица од страна на заболените од коронавирус, како и непочитувањето на изречените мерки за самоизолација, претставуваат кривични дела против здравјето на луѓето, кои придонесуваат за пренесување на заразната болест, како и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, што соодветно е регулирано во членовите 205 и 206 од Кривичниот законик, беше заклучено на седницата на Кризниот штаб, на која беше истакнато дека во следниот период, да  се засилат контролите од страна на СВР Битола, како и од општинскиот комунален инспекторат, а согласно, законската регулатива секое непочитување да биде соодветно санкционирано, беше заклучено на седницаа на Кризниот штаб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*