Home / Uncategorized / “Кромберг и Шуберт” генерален покровител на Изборот на најуспешните!

“Кромберг и Шуберт” генерален покровител на Изборот на најуспешните!

                            

          Годинашната Манифестација “ Избираме најуспешни битолчани за 2019 година “ ќе се одржи, како и во изминатите неколку години, така и овој пат под генерално покровителство на најголемата странска инвестиција во Битола и Македонија, која вработува над 6.500 работници “ Кромберг и Шуберт”.

          Деновиве Битолски весник и официјално беше известен дека “Кромберг и Шуберт”  прифати  по  шести  пат да биде генерален покровител на Манифестацијата.

          Тоа за нас е уште едно големо признание дека оваа Манифестација  е вистински бренд за Битола и  битолчани со право ја нарекуваат  “ Бтолски оскари”.

          Инаку Битолски весник веќе ги финишира подготовките за Изборот. Познати се и сите пеачи и музичари, како и де-џеи, кои ќе настапат во културно – забавниот дел.          Станува збор за врвни и (нај)познати македонски имиња од естрадата.

            Договорени се и сите детали околу техничкиот дел на Манифестацијата која овој пат ќе биде со многу новини.

           При крај е и продажбата на влезниците, која според интересот ги надминува  сите очекувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*