Home / Вести / Кучиња скитници каснаа две жени во Нова Битола

Кучиња скитници каснаа две жени во Нова Битола

       

  Битола врие од кучиња скитници, кои  во последно време ги има  во сите делови на градот, а најповеќе на Широк Сокак, кај Веро, Камен мост.

         Иако многумина сметаат дека тие не се  опасни, сепак викендов  две  жени во Нова Битола беа искасани од едно исто куче скитник.

        -Само што излегов од влезот на зградата и тргнав кон супер маркетот кучето ми се нафрли и ме касна на едната нога. Веднаш отидов вo болницаta каде ми ставија инекција. Тоа е окучено и спие под скалите на влезот. Како што јас се исплашив од него  можеби и тоа поочуствува страв од мене и ми се нафрли, ни вели жртвата од еднотото куче скитник во Нова Битола.

        Претходно од истото куче натсрадала и друга жена од друга зграда која се наоѓа во негова близина.

        Инаку во  Битола во последно време има голем број кучиња скитници.

          Локалната самоуправа иако ветуваше дека тие ќе бидат згрижени сепак од тоа нема ништо, а нема ништо ни од проектот што го најавуваше локалната самоуправа со една невладина организација од САД за изградба на центар за згрижување на кучиња скитници.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*