Home / Култура / КУД “Стив Наумов“ одбележува импозантен 70 годишен јубилеј

КУД “Стив Наумов“ одбележува импозантен 70 годишен јубилеј

Во Битолскиот Народен театар со голем концерт, културно-уметничкото друштво КУД “Стив Наумов” од Битола одбележа 70 години од формирањето.
Денес во состав на друштвото се три ансамбли- мешан хор, женски хор и мандолински оркестар а изминатите години над илјадници битолчани биле дел од КУД “Стив Наумов”.
Импозантен број од близу пет илјади настапи има реализирано културно- уметничкото друштво во градот, државата и надвор во странските земји.
Друштвото е формирано на шести ноември 1944 година од Борците на седмата македонска ударна бригада, а ансамблите во текот на сите овие години имаат освоено голем број на награди на сите позначајни фестивали што на културен план ја афирмираа Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*