Home / Uncategorized / “Куќичката на Дедо Мраз” отворена за донации

“Куќичката на Дедо Мраз” отворена за донации

Во срцето на Битола, наспроти Саат кулата, од саботата, 24. декември, по четврти пат и оваа година започнува хуманитарната акција “Куќичката на Дедо Мраз”.

Куќичката на Дедо Мраз беше отворена точно  на пладне со настапот на детскиот хор  “Звончиња”.

Во внатрешноста на објектот,  децата ќе можат да се запознаат и фотографираат со Дедо Мраз, а заедно со нивните родители да се вклучат во големата хуманитарна акција.

Во неа, на собирните пунктови може да се донира облека, играчки и нерасиплива храна.

Донациите се наменети за социјално ранливи семејства од Битола и околината.

Куќичката ќе биде отворена до 30 декември, а ќе работи од 11 до дваесет  часот.

-Ајде да ги научиме нашите деца за моќта на хуманоста и да им дозволиме да ја почувствуваат магијата на празниците. Помогнете и годинава, подадете рака, споделете насмевка- апелираат до сите хумани граѓани, иницијаторите на оваа идеја која неколку години се реализира за новогодишните празници во Битола.

Настанот е поддржан од Општина Битола, ЈП “Комуналец”, НУ Центар за култура и Народен театар -Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*