Home / Македонија / Курц со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на добар пат кон ЕУ

Курц со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на добар пат кон ЕУ

Благодарен сум што ме поканивте на оваа импресивна манифестација, рече австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц од митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје.

Курц ја даде својата поддршка и поддршката од неговата Австриска народна партија на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Австрија е благодарна за помошта во 2015 и 2016 година за време на бегалската криза, притоа истакнувајќи дека Македонија е важен партнер на Австрија, на добар пат кон ЕУ, а лично Курц е среќен што негов колега е македонскиот министер Никола Попоски.

– Ние сме среќни што Македонија е на добар пат кон ЕУ. Среќни што Македонија е важен партнер за Австрија, а особено сум среќен што колега ми е министерот Никола Поповски. Австрија е особено благодарна за подршката во 2015 и 2016 година при бегалската криза. Тоа беше голем предизвик за Австрија, во 2015 година 90 илјади мигранти дојдоа во Австрија, а преку еден милион минаа низ државата. Без вашата влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што ни помогнавте во оваа тешка состојба за нас- истакна австрискиот министер за надворешни работи од митингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Курц се заблагодари во име на австриската народна партија и посака среќа и енергија во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*