Home / Uncategorized / Ларис Гајсер ја разоткрива бесрамната игра со судбината на македонскиот народ

Ларис Гајсер ја разоткрива бесрамната игра со судбината на македонскиот народ

Новинарот Ларис Гајсер, кој ги објави видео-снимките поврзани со аферата „Рекет“ во италијанскиот весник „Ла Верита“, се постави како заштитник на македонските интереси во борбата против несоодветните постапки на политичарите, во неговата објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.

– Од 2015 година следам и известувам за тоа како повеќемина некомпетентни политичари (десно и лево) со соучешништво од некои непријателски странски сили бесрамното си играат со секојдневниот живот и судбина на македонскиот народ. Слепоста на политичката елита помешана со злонамерните меѓународни притисоци ја доведоа Македонија до корупција и до станување на опасен пример за прифатениот ограничен суверенитет. Сите мои претходни статии и говори одат во полза на моите напори за спречување на понижувањето на Македонија, ја предупредуваат ЕУ за нејзиното несоодветно однесување и ја спасуваат меѓународната заедница од создавање на неприфатливи преседани. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки за меѓународната заедница – пишува Гајсер по објавувањето на втората снимка за случајот „Рекет“.

Тој се надева дека со неговото известување ќе го охрабри понатамошното истражување на случајот, со цел Македонија да стане светол пример за стабилна држава. 

– Се надевам дека со моето известување ќе ги охрабрам добрите, се уште независни, слбодни судии – вистинските поборници за важноста на владеењето на правото да го истражат случајот и да ја направат Македонија светол пример за стабилна држава! Одбивајќи да бидам вмешан во внатрешните политички борби, би сакал само да дадам мал придонес во потрагата по вистината со цел да му помогнам на македонскиот народ да најде нови сили на патот кон функционалната држава. Со тековните комплексни геополитички промени, ние Европејците и должиме на Македонија стабилнос, безбедност и единствена историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија што поскоро ќе стане можен член на нашата, иако неуспешна, Европска Унија, правејќи не посилни и побогати – пишува Гајсер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*