Don't Miss
Home / Колумни / Лажниот цар Шчепан Мали

Лажниот цар Шчепан Мали

Не знам зошто, но гледајќи го деновиве екс премиерот и најверојатно екс лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, како пред Кривичниот суд во Скопје седи пред барикадита на полицијата, осамен и целиот накиснат, само по себе ми се наметна ликот на Његошевиот јунак од неговите дела, Лажен цар Шчепан Мали.

Да се разбереме Никола Груевски, иако нема ништо заедничко со Његовошовиот јунак од 18 век, лажниот цар  Шчепан Мали, кој себеси се имаше  замислено дека е Руски цар Петар 3, сепак кога деновиве го гледав него, само по себе ми се наметна заклучокот дека и тој по многу нешта потсетува на лажниот црногорски  цар Шчепан Мали.

Деновиве, особено по отворањето на досието од крвавиот четврток, или познат кај македонските граѓани 27 април, и апсењето на 36 осомничени за упадот во Собранието, го гледам  (не)моќниот Груевски и без да му се ситам се прашував  колку тој  преку ноќ стана мал.

Големиот Груевски,кој цели 11 години ни одредуваше кој како ќе живее и дали ќе живее во државата Македонија, која ја сметаше за своја приватна сопственост преку ноќ стана не само мал, туку и беспомошен.

Гледајќи го така Груевски пред кордонот на полицијата која го чуваше Кривичниот суд си реков, колку е политиката ми(е)нлива работа.

Човекот кој до пред само пред извесно време  беше олицотворение на моќ, сила,неприкосновеност… сега изгледа толку многу мал, немоќен, напуштен од сите, оставен сам, без никого.

Големиот Груевски, кои сите изминати 11 години се замислуваше дека е Големиот Алексанадар  Велики преку ноќ стана толку многу мал, што не само јас, туку и неговите најблиски послушници не можат да го (пре)познаат.

Верувам дека ваков каков што е сега никогаш ни на крај памет не го замислувала ни неговата Боркица.

Сега, кога царот е гол и кога Груевски што би рекол еден негов послушен градоначалник од Битола, сомнителното лице В.Т. “не зна шта че са собом”  е вистински момент  за отрезнување не само на  Груевски, туку и на сите кои се занимаваат со политика, дека политиката преку ноќ може да те направи семокен, но и немоќен и така да те акне од земја, што прашање е како и дали ќе можеш  некогаш да се опоравиш.

Гледајќи и слушајќи го Груевски како деновиве лее крокодилски солзи над судбината на уапсените лица, учесници во немирите од 27 април, се прашувам кога тој ја зборува(л) вистината. Дали откако не доби 63 пратеници, најпрво во ноќта на ножевите, а и подоцна на протестите  ги насска луѓето да влезат во Собранието и да си ја одбранат државата, или сега кога моли тие сите да бидат ослободени до еден, а тој, или сам, или со своите соработници да оди во Шутка и да лежи ако треба доживотно за Македонија.

Наместо Груевски да си ја признае вината и да собере храброст да признае дека кога го повика народот да си ја земе судбината во свои раце, а тој истиот ден отиде во Виена на “партиски валцер”  со Орбан, згрешил и дека не знаел дека неговите “патриоти “, загрижени за урнисувањето на државата, толку многу ќе се запалат што ќе пробаат да ги ликвидираат сите “предавници” почнувајќи од Заев, Села, Талат Џафери.

Сега залудно Груевски “пати “за судбината на Дурловски, Бетмен, Дамовски…Тој за нивната судбина требаше да мисли кога ги поттикнуваше и стимулираше тие да ја земат судбината на Македонија во свои раце и кога како логистика им ги испрати неговите “патриоти “ со фантомки на главите да сеат страв во Собранието, па ако треба, како и  при упадот во Градското собрание на Скопје, да му врзат на некои непослушни политичари по неколку жешки шамари, како што му предложи на Миле ми текна за Андреј Жерновски.

Во сите изминати 11 години Груевски владееше сеејќи страв и манипулирајки со членовите на партијата и народот.

Човекот кој ги советуваше членовите на ВМРО ДПМНЕ и беше советуван дека непослушните негови политички непријатели треба да завршат или зад решетки, или в ендек, како што зборуваше во “бомбите “ неговиот советник Мартин Протуѓер, сега се нуди како жртва за немилите настани од 27 април.

За жал доцна е. Премногу доцна е сега Груевски  да тажи субдината на оперскиот пеач Дурловски, уметниците Бетмен, Еднооки, лекарот Саше Василевски…Нивната судбина, за среќа или за жал, не е повеке во негови раце. Тој се обиде од нив, кои беа познати како уметници да направи загрижени патриоти, кои требаше да го спречат мнозинството да избере претседател на парламентот.

Нив сега не им се суди како на уметници. Ним им се суди како на  луѓе кои со своите непромислени постапки насила влегоа во парламентот и во крвавиот четврток можеа да предизвикаат меѓуетнички судир со несогледиви последици.

Тоа што при упадот  во Парламентот Груевски не беше со нив и до нив тоа  треба да се запрашаат сите 36 осумничени во овој предмет.

Но тие кои го знаат Груевски добро знаат  дека тој секогаш кога се прекршувале работите или требало да се спроведат неговите наредби бил “оправдано отсустен”.

Така и овој пат тој се најде во Виена и ги остави Дурловски, Бетмен, Еднооки, да го освојат парламентот за да го остават него на власт.

Тоа тие кои одработуваа  за него требаше да го знаат. Сега доцна е за каење. Но единствена утеха може да им биде што како што се одвиваат работите наскоро и тој ќе им се придружи и што за него нема кој да се буни, бидејки сите веќе го напуштија. Тој остана сам, во грдите спомени за најголемиот број граѓани на оваа земја, која лесно можеше да ја втурни во крвав судир од кој прашање е дали ќе се извлечевме.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*