Don't Miss
Home / Колумни / Летно- зимски струјни удари

Летно- зимски струјни удари

               

   Во последно време колку и да се     трудам никако не можам себеси да си одговорам на прашањето што ни се случува.

 Дури понекогаш ми иди сам да се запрашам дали како и многу други луѓе и јас пролупав.

Иако себеси не се сметам за(пре)многу паметен човек, сепак          лично не се сметам ни за наивен, а посебно не за глуп  човек. Во изминатите над  60 години од мојот живот, од кога почнав да ги паметам работите, иако живеевме и растевме во далеку потешки услови, кога најголемиот број од граѓаните не само на Битола, туку  и Македонија беа сиромаси, не паметам  во летните месеци политичарите да не плашеле  толку многу, каква зима  (ќе) не очекувала.

Раката на срце добро се сеќавам како во моето рано детство моите родители уште за време на  летото купуваа  дрва за претстојната зима. Но колку што ме чува сеќавањето тоа тие го правеа  не како скапо платен општински  проект, туку со цел дрвата преку летото да се исушат на сонцето за да можат во зимата поубаво да горат и полесно да се палат, а и да не чадат.

Но колку што ме служи сеќавањето  никогаш  во летните, па ни во зимските месеци не не плашеа  дека в зима ќе се смрзнуваме.

Напротив добро се сеќавам дека иако сите се греевме на дрва и ќумур, знаевме  дека ќе имаме убава   топла  зима и загреани домови.

Сега,  кога температурите на воздухот некогаш стигнуваа(т) дури над 40 степени целзјузови, во летните месеци јуни, јули и август  политичарите буквално секој ден ни ја полнеа главата дека оваа година ќе имаме кочан зима и дека ќе се смрзнуваме.

Каква иронија, во моментите кога најголемиот број од граѓаните настојувајќи да се спасат од големите горештини и пеколното сонце, се прашуваа каде  да најдат место да се оладат, политичарите  цело лето  не плашат дека в зима  буквално ќе се смрзнуваме од студ.

Таквите црни прогнози  за престојната “ кочан “ зима ги искористија многумина да ги зголемат цените на дрвата кои достигнаа  дури и до 100 евра за  кубик,  а трговците со електрична енергија  да си поигруваат на берзата и  да ја купуваат и продаваат струјата по енермно високи цени.

Слушајќи ги сите тие и таквите нивни прогнози се потсетив на една мисла на еден мој пријател кој во една прилика ми рече:

-” Во оваа држава не си нормален ако не полудиш”.

И навистина понекогаш кога ги слушам таквите црни прогнози на нашите “експерти “  дека зимава ќе гладуваме и ќе се смрзнуваме се прашувам како ние воопшто  останавме нормални  без да сме   полуделе.

Но шегата настрана.

 Колку што се сеќавам, а доволно долго паметам никогаш не сме имале вакви ситуации политичарите да си играат топло – ладно со чувствата на обичниот народ.

Во ваква ситуација луѓето навистина не знаат што да прават.

Да се греат на дрва ова зима ќе биде прескапо, бидејќи цената на еден кубик стигма и до  над 6.000 денари, а иронијата да биде поголема нема ни дрва, бидејќи нема доволно сечачи на дрва кои би сечеле во македонските шуми.

Да биде маката поголема и превозниците драстично ги подигнаа цените за превозот, а оваа прилика не сакаа да ја испуштат ни сечачите на дрва, кои исто така ги покачија цените на своите услуги.

Ништо во подобра ситуација не се ни оние кои ќе се греат на струја, затоа што во овој момент ни најдобрите енергетски експерти не се осудуваат да прогнозираат  прво дали ќе има(ме) доволно струја  и колку ќе изнесуваат сметките.

Во (нај)незавидна ситуација се  оние граѓани кои минатата година имаа печки на дрва, но за да добијат од Општината бесплатни инвертер клими, мораа да се откажат од печките на дрва или ќумбињата и истите да ги однесат на отпад.

Со оглед на тоа што сите тие имаат потпишано изјави под морална и кривична одговорност дека во наредните години нема да се греат на дрва и да купат сега печки или ќумбиња во претстојната зима  не можат да се греат на дрва, зашто можат да завршат  в затвор и мораат да се греат на струја, без разлика на висината на цената на електричната енергија.

Во таква ситуација кога  сите ние сме безмалку преплашени каква зима не очекува, не треба никој да се чуди што кај нас сите граѓани, институции, установи, мали и средни претпријатија, општини… бараат Владата да им ги субвенционира сметките за потрошената електрична енергија.

Со такво барање деновиве излезе во јавноста и советничката група на ВМРО ДПМНЕ, која бара  од Владата  100 милиони денари субвенции   за  Битола да се справи со претстојната зима.

Во ситуација кога Владата не знае каде и главата од големата  економска и енергетска криза и кога  кредит од 1 милјарда евра за да  не банкротира државата се знае каков ќе биде одговорот на Кабинетот на Ковачевски.

И додека сите се прашуваме како ќе преживееме и ќе се прераниме оваа  зима, а од сите страни на граѓаните, државните институции им испраќаат (пре)пораки да штедат не само на  трошењето на електричната енергија, туку и на горивата, храната, луксузите…голем број политичари и вработени во државните институции, министерстав, разни агенции  и јавните установи се однесуваат сосема обратно и се расфрлаат со народни, пари “корзирајки “ се низ светот на   разни (без)значајни формални и неформални средби и настани, иако најголемиот дел од нив како во време на Ковид кризата можат  да ги завршат со он лајн разговори, како што тоа најчесто го прават луѓето од приватниот сектор и обичните граѓани.

Во време на најголемата економска и енергетска криза додека од народот се бара да штеди, тие требало-не требало  трошат милиони  за  разни глупости.

Иронијата да биде поголема во исто време додека бараат помош од државата, со цел да им се додворат на  граѓаните, поточно гласачите нудат секакви  бесплатни  услуги.

Економската и енргетската  криза, како и војната меѓу Русија и Украина доста не погоди, не само нас, туку и цел свет. Јасно на сите ни е дека не чека  тешка зима.

Но политичарите се тие кои треба да ги решаваат проблемите, а не  секој ден да го плашат народот.

Народот добро знае како в зима ќе се снајдува.

За разлика од државата, која сите ја гледаат како крава за молзење,домакините кај нас без за тоа да прогласуваат кризни состојби од секогаш во летото се подготвувале за претстојната зима.

Огревот  за зимата уште во летото м бил обезбеден, а визбите им биле полни со зимници за истата безгрижно и среќно да ја поминат.

 Но по се изгледа политичарите сеуште не ја научиле таа лекција, да си ги пуштат нозете колку што им е чергата.

Најголемиот број од граѓаните тоа со векови го прават.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*