Don't Miss
Home / Вести / Левица:Привремно враќање на земјоделците на паркингот кај Новиот пазар

Левица:Привремно враќање на земјоделците на паркингот кај Новиот пазар

        Во врска со проблемот кои го имаат веќе подолго време земјоделците и пазарџиите кај паркингот на Новиот градски пазар со соопштение се јавија од партијата Левица.

-Цели 14 години пазарџиите и земјоделците од Новиот пазар користеле мал дел од паркингот за
продавање на нивните производи, со дозвола на ЈП “Пазари” каде што уредно плакале
дневна кирија.

На 30-ти април (по 14-часовната дискусија) на 12-тата седница на Советот, во присуство на пазарџиите и директорката на ЈП “Пазари” Соња Карапашовска  беше донесена одлука   за преместување на пазарџиите од паркингот во внатрешноста на “Новиот пазар” во Нова Битола, каде што ниту половично не е функционален, а условите кои им беа ветени во даден
рок од 15 дена беа следните:
       1.Праволиниски распоред на тезгите
       2.Соодветен влез на пазарот за дотур на роба
        3.Нови канти за отпадоци
        4. Набавка на колички за пренос на роба
        5. Дислоцирање на кучињата скитници
         6. Санирање на тоалетите
         7. Хигиена на пазарот
         8. Обезбедување на пазарот во нокните часови
        9. Промена на кров на пазарот
         10. Отстранување на дивите пазарџии

За жал  ниту еден услов не е исполнет.
       На 2 јуни, советничката група на Левица по барање на пазарџиите, кои беа потпишани
повеке од 70 пазарџии, ширум градот и околните села, поднесе дополнителна точка до Советот
за промена на одлуката и вракање на земјоделците и пазарџиите на паркингот позади Новиот Пазар, поради неисполнети услови од страна на градоначалникот Тони Коњановски и
директорката на ЈП “Пазари “Соња Карапашовска. Оваа одлука не беше прифатена од страна
на коалицијата помеѓу Поинаку (независна листа на советници ) и ВМРО ДПМНЕ.
         Како политичка партија повторно ќе поднесеме предлог за промена на одлуката и цврсто
застануваме во пресрет на земјоделците и пазарџиите за привремено вракање на паркингот
додека не се најде соодветно решение и услови во Новиот пазар. Итноста е голема за овај
проблем, овошјето и зеленчукот се веке зрели за продажба, а услови за продажба нема, се нагласува во соопштнието на Левица.

                Привремно враќање на земјоделците на паркингот кај Новиот пазар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*