Home / Политика / Либералдемократите од Битола бараат оставка на Андреј Жерновски

Либералдемократите од Битола бараат оставка на Андреј Жерновски

Вчера во Битола престојуваше лидерот на ЛДП и актуелен градоначалник на општината Центар Скопје, Андреј Жерновски. Но да знаеше како ќе помине сигурно тој немаше воопшто да допатува во Битола.
Според блиски извори на порталот на Битолски весник, најпрво младите либерл демократи го бојкотирале состанокот со Жерновски, а некои либерал демократи со долг стаж во партијата, меѓу кои и екс градоначалникот на општина Цапари побарале Андреј Жерновски да си поднесе оставка од лидерската позиција.
Оставката била побарана со образложение дека Андреј Жерновски е најголем виновник што Роза Топузовска- Каревска  на негов предлог станала пратеник, а сега таа не ја почитува одлуката на партијата и не го враќа мандатот.
Воедно на Жерновски му било забележано што тој едноставно се дистанцирал од партијата и ги запоставил партиските активности.
Дека Андреј Жерновски ја губи довербата во битолската организација на ЛДП Битола најдобра потврда е што видните членови на партијата го бојкотирале присуството на Жерновски и тој буквално по состанокот немал со кој да оди на вечера, па бил оставен сам да се снајдува во Битола.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*