Home / Политика / Лидерот на најголемата политичка партија во Европа (ЕПП) со силна поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на најголемата политичка партија во Европа (ЕПП) со силна поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Навистина сум среќен што можам да ја дадам мојата поддршка на целиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за изборите кои ќе се одржат на 11 декември.

Ова вечерва преку видео порака на митингот од Битола на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ го порача Жозеф Дол, претседателот на најголемата политичка партија во Европа, Европската народна партија (ЕПП)

-Доколку на 11 декември гласачите ја дадат својата доверба кон вас ВМРО ДПМНЕ, а сигурен сум дека ќе го сторат тоа, тогаш вас ве чека голема одговорност. Одговорност брзо и решително да ги спроведете неопходните реформи за да му обезбедите на вашиот народ подобра и европска иднина. Пријатели, вие до сега многу постигнавте. Тоа го покажуваат и економските показатели, а и меѓународните институции го признаваат напредокот кој го постигнала владата на ВМРО-ДПМНЕ, пред сè на Никола Груевски, а потоа и на Емил Димитриев. Но, остануваат и други работи кои допрва треба да се направат. Без одложување треба да се спроведат итни и основни реформи, рече Дол.

Треба да продолжите, нагласи Дол, да се борите со невработеноста која значително се намали, но сè уште останува доста висока, особено кај младите. Треба да се осигурате долгот да остане на нивото на коешто е сега и на кое може да се гордеете и пред сè да работите во обезбедување правна држава, независно судство, борба против корупцијата, транспарентност и политичка стабилност.

-Ова е клучот без кој економијата не би можела да напредува. Ова се неопходните услови кои мора да се исполнат за да продолжите да ги привлекувате инвестициите за да зачувате погодна клима за развој на претпријатијата, а со тоа и за отворање на нови работни места за да се обезбеди просперитет и развој на земјата, како и подобар квалитет на живот за вашите сограѓани. Овие реформи се исто така неопходни за да продолжите да чекорите по европскиот пат. ЕПП секогаш ја поддржувала европската перспектива на Македонија, какои на другите земји од Западен Балкан. Ние цврсто веруваме дека судбината на овие земји е еден ден да ни се приклучат, а сега, бегалската криза на скептиците им покажа колку се тие важни за Европската Унија како чувари на границите на ЕУ. Сега е вистинскиот момент да покажете дека со право припаѓате на големото европско семејство, рече Дол.

Првиот човек на ЕПП даде уште еден коментар во однос на изборите.

На победникот му останува одговорноста да владее и да носи одлуки, а на губитникт му останува одговорноста да претставува конструктивна опозиција во Собранието… и уште еднаш ќе нагласам, во Собранието! Поради тоа што таму е седиштето на демократијата и бојкотирањето на изборите, или на политичките дебати е недозволиво во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од десет години е наш партнер, а вие знаете кои се фундаменталните вредности и принципи на нашето политичко семејство и се надевам дека можам да сметам на вас за вие нив да ги применувате во вашата земја. Навистина сум среќен што можам да ја дадам мојата поддршка на целиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за изборите кои ќе се одржат на 11 декември. Сè најдобро и со среќа, порача Дол.

Изминативе денови, ВМРО-ДПМНЕ доби голема и отворена поддршка од видни европски политичари, меѓу кои и австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан курц, кој неделата се обрати на големиот митинг во Скопје.

-Особено сум благодарен за подршката што ја добивме од страна на Македонија во 2015 и 2016 година. Бегалската криза беше голем предизвик за Австрија. Во 2015 година 90 илјади бегалци дојдоа во Австрија, а преку 1 милион ја минаа нашата држава. Без вашата Влада немаше да бидеме во состојба да ја затвориме балканската рута. Многу сум ви благодарен што не подржавте во оваа особено тешка состојба за нас, рече Курц пред големата маса луѓе на вечерашниот митинг и додаде дека ова е мошне импресивен собир.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*