Home / Политика / Лидерот на СДСМ за време на изборите следен од полицијата

Лидерот на СДСМ за време на изборите следен од полицијата

Гостувајќи на телевизијата “24 Вести“ во емисијата “Вин-вин“ кај новинарката Оливера Трајковска, лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва ексклузивно откри дека за време на предвремените парламентарни избори, што се одржаа на петти јуни оваа година, бил следен и под посебни мерки на полицијата.

За тоа, тој го известил и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски.

Притоа, Заев не презентираше докази со кои би го потврдил неговото кажување дека бил следен од полицијата.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*