Центарот за култура од Битола најави дека е подготвен за деветтото издание на фестивалот, еден од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината.
Селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, рече дека годинава фестивалот е насочен на музика од Балканот.
-Таканаречната „балканската музичка струја“ е така густа и содржајна и на сите светски фестивалот ги очекуваат сите тие имања со големо нетрпение и внимание.
Во Битола ќе настапат бравурозни имиња, како Божо Вречо , нов изведувач на севдах мизиката, со неверојатна експресија, и составот „Џипси Грув“момци кои сакаат да докажат дека Балканот е простор полн со крвоток и дека во политички контекст треба слободно да се испочитуваат сите стилови на овој простор – рече Јосифовски.