Home / Спорт / Македонија го совлада Израел

Македонија го совлада Израел

Македонската фудбалска репрезентација славеше победа над Израел со 1:0 вечерва во Хаифа во квалификациски дуел за Светското првенство 2018 што ќе се игра во Русија.

Решавачкиот момент на средбата од 7.коло во Г-групата се случи во 73.минута кога капитенот Горан Пандев го искористи извонредното додавање на младиот Елиф Елмас кој натпреварот го почна од клупата за резерви. За Пандев ова беше 30. гол во националниот дрес.

За Македонија ова беше втората победа во квалификациите и втора на гостински терен.

Во вторник во 8.коло избраниците на селекторот Игор Ангеловски во Струмица ја пречекуваат Албанија.

На другите две средби во групата бодовите останаа кај домашните селекции. Албанија го совлада Лихтенштајн со 2:0, а Шпанија во дербите беше поуспешна од Италија со 3:0.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*