Home / Uncategorized / “Македонски патриоти” со бугарски чуства

“Македонски патриоти” со бугарски чуства

Во овие исклучително жешки августовски денови, кога државата наликува на вршник, во Македонија се води жестока политичка дебата околу Договорот што на 1 август во Скопје  го потпишаа двајцата премиери на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев.

Потпишувањето на Договорот за меѓусебна соработка помеѓу Бугарија и Македонија дополнително ја вжешти политичката клима во државата.

Ставањето параф на двајцата премиери на овој Договор ги подели граѓаните. Додека за власта и нејзините приврзаници потпишувањето на договорот значи чекор напред кон подобрувањето на меѓусебните односи со двете држави и кон приближувањето на Македонија кон  ЕУ, за опозиционата ВМРО ДПМНЕ и нејзините симпатизери овој Договор значи дипломатски пораз на новата македонска дипломатија и уште еден чекор кон разнебитувањето на националните и државните интереси на  Македонија.

Иако Договорот меѓу Бугарија и Македонија е потпишан на македонски и бугарски јазик тоа што најмногу им пречи на критичарите на овој договор е што во Договорот стои дека е потпиешан на македонски јазик според Уставот на Македонија.

Со тоа велат тие Македонија се откажала од својот македонски јазик , кој  е симбол на македонскиот народ, а воедно тоа имплицира дека ако веќе нема автохтон македонски јазик, нема ни  автохтон македонски народ.

Со потпишувањето на ваквиот Договор Бугарија има причини да се радува бидејки ја оставрила  вековната цел дека ние сме “неосвестени” “Бугари” и дека Македонија е креација и измислица на Коминтрената, или на Тито, велат критичарите на Заев.

Иако потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Бугарија наиде на жестока политичка дебата меѓу двете најголеми политички партии, тој не предизвика речиси  никкави турболенции кај обичните граѓани, кои и овој договор, како и многу други потпиешани пред него  го прифатија како нешто што требало да се случи.

Иако во недостиг на вистински информации, како и оргиналниот Договор кој е потпишан меѓу Борисов и Заев, лично и јас имам некои дилеми околу тоа дали во преговорите меѓу Владите на двете држави требаше да се постигне консензус околу потпишувањето  на ваков Договор, во кој има многу недоречености,  за кои во овој момент не сме свесни какви последци ќе ни донесат.

Тоа што ми пречи е што околу овој Договор се расправаат само двете најголеми политички партии со партиски соопштенија кои имаат век на траење  само до моментот кога ќе бидат прочитани. Штом ќе се исклучат камерите за истиот Договор и неговата содржина заборават и тие што  го прочитаа и тие на кои се однесува.

Деновве  содржината на Договорот со Бугарија беше предмет на испракање  жестоки политички пораки на Семакедонската иселеничка Илинденска средба во Трново. Притоа од страна на опозицијата  беше нагласено  дека кога ќе дојде до смена на власта  овој Договор веднаш ќе биде поништен.

Со оглед на скокотливоста на предметниот договор, кога Република Макеоднија сеуште води меѓународна битка за докажување на својот национален идентитет и право да има своја држава во која Македонскиот народ ќе го уредува својот  животот во неа, сосема е сватливо да се политизира овој случај.

Но тоа што мене посебно ми пречи  се двојните однесувања на душегрижниците за судбината на Македонија.

Деновиве кога ги слушав загрижените тврдокорни македонски патриоти како плачат за судбината на Македонскиот народ, кој со потпишувањето на овој Договор, на македонски јазик според Уставот, наводно го изгубил својот национален идентитет, се прашувам кај беа тие сите овие години кога илјадници Македонци своеволно, непринудени од никого, потпишуваа изјави заверени на нотар дека имаат бугарски корени и дека се чуствуваат  Бугари.

Според некои податоци над 80.000 Македонски  државјани  во изминатите години имаат потпишано вакви изјави  дека се чуствуваат Бугари.

Тоа во сите овие години на никој не му пречеше. Напротив во Македонија како да постоеше додговорен молк  меѓу политичарите кога стануваше збор за овој проблем, кој во наредните децении лично мисалм и те како  скапо ке ја чини Македонија, токму кога се во прашање односите со Бугарија.

Кога во Македонија илјадници Македонци стануваа Бугари никој ни збор не зборна. Сега на некои платени политички аналитичари им смета тоа што Договорот бил потпишан на македонски јазик, според Македонскиот Устав.

За мене помало предавство е Договорот да се потпише на Македонски јазик според Уставот, отколку на нотар да се изјасниш дека си Бугарин и имаш бугарски корени.

Лично мислам дека за време на преговорите со Борисов, премиерот Зоран Заев требаше  да инсистира кај бугарската страна во иднина да се избрише тој услов пред кој беа исправени Македонците  за добивање бугарско државјанство. Заев требаше да се избори Македонците кои од разни причини,  а пред се економски, да добиваат право да стануваат Бугари под други услови, а не да потпишуваат изјави заврени на нотар дека се (не)освестени  Бугари и имаат бугарски корени.

Тоа ќе беше голема дипломатска победа. Вака како и досега така и од сега, откако е потпиешан Договорот, Македонците ќе  го зачувваат јазикот  но ќе стануваат “Бугари” за да можат да се иселат од државата во која се родиле.

Тоа што  мене особено ме плаши, е  што во последно време кај нас има се поголем број лажни патриоти и душегрижници, кои си играат со чуствата на македонските граѓани и кои леат крокодилски солзи за судбината на Македонија, а тие истите одамна за себе и своите најблиски си имаат обезбедено бугарски пасоши.

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*