Home / Вести / Марјан Танушевски добитник на наградата на Битолски весник „Тоде Петрески“

Марјан Танушевски добитник на наградата на Битолски весник „Тоде Петрески“

Со пригодна свеченост, во присуство на членовите на најтесното семејство, почитувачи на неговото дело, како и колеги новинари, денеска во просториите на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола беше врачена наградата за новинарство на Битолски весник „Тоде Петрески” посветена на покојниот новинар и дописник на Радио Скопје од Битола, Тоде Петрески.

Добитник на годинешната награда на Битолски весник „Тоде Петрески“, која се доделува по 14 пат, е новинарот-уредник во државната новинска агенција МИА д-р Марјан Танушевски.

Наградата на добитникот Танушевски му ја врачи уредникот на Битолски весник Менде Младеновски.

Марјан Танушевски наградата ја доби за серијата репортажи објавени во својата матична кука МИА како што се: „Првиот наставен час на современ македонски јазик во средното образование”, „Несовесно трошење – хартијата во предност наспроти компјутерот”, „Еврејските огништа во Битола”, „Гимназискиот Дневник на Кемал Ататурк”, „Дрвените играчки на Благоја Секуловски од село Журче”, „Велушина – село со 9 цркви и ретки икони од 18 век”.

Марјан Танушевски е новинар со долгогодишна новинарска кариера, кој во светот на новинарствито заплива во далечната 1983 година, кога за прв пат застана пред микрофонот на Радио Битола. Последните години тој е дописник уредник во МИА од Битола.

Покрај со новинарството Танушевски се занимава и со наука. Тој е доктор на науки и како професор своите знаења од новинарството ги пренесува на помладите колеги и студентите во Бизнис Академија Смилевски, каде како избран вонреден професор го предава наставниот предмет „Односи со јавност”.

На свеченоста, на која присуствуваше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска беше истакнато дека во моментот кога во последно време се затрупани со „лажни вести“ на социјалните мрежи и порталите, новинарите треба да застанат во одбрана на новинарството, како што тоа во минатото го правеше Тоде Петрески, кој се одликуваше со својата професионалност и исклучителна храброст.

Воедно беше речено дека општствената заедница треба да покаже поголем интерес за состојбите во новинарството и да придонесе за решавање на проблемите на медиумите и новинарите кои добиваат загржувачки размери, што доведува до гаснење на голем број медиуми, беше нагласено на свеченоста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!