Home / Спорт / Мартина Навратилова ја круниса својата долгодишна љубовна врска

Мартина Навратилова ја круниса својата долгодишна љубовна врска

Познатата светска тенисерка Мартина Навратилова на „УС Опен” ја запроси својата долгогодишна девојка, руската манекенка Јулија Лемигова со која се забавува 8 години.
„УС Опен” на 57-годишната манекенка ѝ изгледало како идеално место да ја запроси 42-годишната Јулија.
Руската манекенка била видно изненадена кога Навратилова клекнала пред неа и на рака и ставила свршенички прстен.
– Веќе со години го чекам вистинскиот момент да ја запросам. За среќа добив потврден одговор – со голема насмевка изјавила Мартина, која потоа среќната вест ја сподели на “твитер“ со своите фанови.
Мартина во 1981 година призна дека е лезбејка, а со Јулија се во врска од 2006 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*