Home / Uncategorized / Матилда Бејкова од Карпош – најпрофесор за 2016/2017 год.

Матилда Бејкова од Карпош – најпрофесор за 2016/2017 год.

По повод Меѓународниот ден на учителот на 05.10.2017 година одделенската  професорка  по  македонски јазик и литература  Матилда Бајкова која предава во три училишта во Општина Карпош доби признание „ Просветен работник на годината за постигнати врвни резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно- образованата дејност за учебната 2016/2017 “.Сојузот на просветни работници од Македонија и го додели ова признание на карпошовата професорка за особен придонес во просветно- образованиот процес.  Матилда Бајкова , 47 години живее во Општина Карпош и е специјалист за работа со деца со посебни образовни потреби. Исто така, професорката Бајкова е соработник во многу научни трудови, учествувала на меѓународни симпозиуми од сферата на образованието и информатичката технологија во образованието. Професорката Матилда Бојкова предава во ООУ „ Јан Амос Коменски„ , во ООУ „ Аврам Писевски“ , и во ООУ „ Вера Циривири Трена“. Признанието е доделено во Ликовниот салон „Бели мугри“ во Велес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!