Home / Политика / Методија Илиевски координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола

Методија Илиевски координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола

Советникот Методија Илиевски, е новиот координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола. Одлуката едногласно  била донесена  на синоќешната седница на ИО на СДСМ-Битола.

Методија  Илиевски  советник од СДСМ во градскиот Совет беше и  во претходниот состав на Советот на Општина Битола , кога тогашен  координатор на советничката група на СДСМ  беше сегашната  градоначалничка на Битола, Наташа Петровска.

Методија Илиевски два мандати  беше претседател на Социјалдемократската младина на Битола, а во два наврати беше потпретседател на  Социјалдемократската младина на Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!