Home / Вести / Мијалков излегува од домашен притвор

Мијалков излегува од домашен притвор

Екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков излегува од куќен притвор, што го издржуваше за предметот „Титаник 2“, по изрекувањето на пресудата. Истекоа 60 дена од изрекувањето на притворот од Апелацискиот суд во Скопје, па на Мијалков му е одземен пасошот и треба еднаш неделно да се јавува во судот.

Причината зошто Мијaлков излегува од куќен притвор е фактот дека против него беше поднесен обвинителен предлог, кој по изрекувањето на пресудата може да трае најмногу до 60 дена.

-Со решение на Основниот суд Скопје 1 Скопје при изрекување на пресудата за предметот од обвинителството значен како „Титаник 2“ на обвинетиот му е определна мерка притвор. Со решение на Апелациониот суд во Скопје решението на првостепениот суд е преиначено со тоа што за обвинетиот е определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена согласно член 481 ст.2 в.в. со член 165 ст.1 т.1 од ЗКП- соопштија од судот.

Со оглед дека рокот од 60 дена истекува на 6.05.2019 година, советот постапувајќи по службена должност утврдил дека мерката куќен притвор треба да ја укине.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд. Лидерот на ДПА Мендух Тачи доби казна затвор од 3,2 години, Бедредин Ибраими беше осуден 4 години и 6 месеци затвор. Влатко Сајковски, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Сашо Мијалков судот ги прогласи за виновни и добија казни затвор во траење од по 3 години.

Според судот, Мијалков ја искористил својата положба и влијание и се договорил со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласањето на три избирачки места во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!