Home / Политика / Милошоски: Продолжува проектот „Купи куќа за млади“ со зголемување на старосната граница

Милошоски: Продолжува проектот „Купи куќа за млади“ со зголемување на старосната граница

Проектот „Купи куќа за млади“ ќе продолжи и во следните четири години, најави денеска во Битола, носителот на листата кандати за пратеници во петтата изборна единица  од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

На денешната средба со битолчани, Милошоски појасни дека се зголемува возрасната граница на заинтересирани лица за овој проект, односно лица повозрасни од 35 години.

– Предвидуваме проектот да го користат и лица на возраст над 36 години, а тоа значи дека Владата на Република Македонија за лица кои ќе имаат кредит  за изградба на својата куќа, во првите 7 години ќе им исплаќа 65 отсто од ратата, камата  и главница и во следните 3 години ќе им исплаќа 35 отсто од таа рата. Доколку на почетокот потребата е поголема тогаш барателот ќе добие 100-процентнта поддршка по однос на уплатата за влогот што треба да го даде при подигањето на соодветниот кредит.  Сметаме дека на ваков начин поголем број луѓе, а не само тие до 35 години, туку и тие над 36 години ќе успеат да ја искористат поволноста за изградба на своја куќа- рече Милошоски.

Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва  во Битола ќе одржи предизборен митинг на кој ќе бидат претставени кандидатите за пратеници од изборната единица бр. 5.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*