Home / Uncategorized / Мини саем за наградените истражувачки проекти

Мини саем за наградените истражувачки проекти

                          

          Денеска во Битола  во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и Општината се одржа мини саем, на кој беа презентирани  наградените истражувачки проекти од јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ .

Целта  на мини саемо беше  промоција на проектите, како и подигнување на свеста кај младите за заштита на животната средина.Своите проекти ги претстават шест училишта од државава.

-Овој саем е од особено значење затоа што преку овие проекти се излегува од теоријата на хартија и им овозможува на младите луѓе низ реални експерименти и низ реални истражувачки  методи, она што го научиле во теоријата да го применат во пракса. Ова отвора широки врати за младиот ум, за жуборот на творечкиот дух, но и на иновативноста и навистина во оваа насока треба и да продолжиме. Особено ме радува што младите луѓе се заинтересирани за ваквиот вид на истражување, но и наставниот кадар кој дава сериозна поддршка во ваквите програми“, рече градоначалничката на Битола, наташа  Петровска.

Според зборовите на директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски Програмата млади истражувачи почна пред две години и досега зеле учество над 50 тина основни и средни училишта од државава Дополнително фондот има уште две програми кои што ги реализираат со Американската агенција за меѓународен развој УНИЦЕФ и во рамки на сите три програми целта е да се поттикнува критичкото и креативно размислување кај младите и сето тоа да води кон охрабрување на младите да останат во нашата држава и да развиваат свои бизниси тука што е исклучително многу важно, истакна Деспотовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!