Home / Македонија / Министерот Јанакиески во посета на Новаци

Министерот Јанакиески во посета на Новаци

Состојбата со поплавите во Новаци, иако во извесна смисла се стабилизира, сепак и понатаму е сериозна и критична.

Благодарение на тоа што вчера се пресече регионалнот пат Битола-Новаци, спасено е селото, а водите од пелагониската рамнина во најголем дел се пренасочени кон полето на Рибарци и Гнеотино.

Во Новаци најоштетена е една куќа која што е речиси целосно полавена, а уште седум куќи се полавени во приземниот дел.

_novac 3  05022015121247_novac 6

Откако ја виде состојбата, министерот Јанакиески, потврди дека ќе се заложи во Новаци да се донесат седум пумпи со голем капацитет кои што треба да бидат употребени за исфрање на водата од горните места на полавените куќи.

Јанкиевски притоа предупреди дека опасноста сè уште не е избегната бидејќи во текот на утрешниот ден се очекуваат нови врнежи од дожд и снег. Наедно тој ги советуваше граѓаните, по повлекувањето на водата да ги дезифинцираат своите куќите, а апелираше и за собирање на хумантарна помош за поплавените подрачја.

Денеска Јанакиески ќе присустува на седницата на Кризниот штаб во Битола, а ќе ги посети и поплавените подрачја во прилепско.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*