Home / Uncategorized / Министерот Ставрески во посета на поплавените подрачја во Пелагонија

Министерот Ставрески во посета на поплавените подрачја во Пелагонија

Министерот за финансии и потпретседател на Владата, Зоран Ставрески попладнево  беше во обиколка на поплавените подрачја во Могила и Новаци.

За време на посетата тој се информираше за последиците од поплавите како и за мерките кои ги преземаат кризните штабови за справување со поплавите.

novaci 3    novaci 2

Министерот Ставрески придружуван од пратениците Зоран Илиоски и Лилјана Кузмановска, како и градоначалникот на Новаци Лазар Котевски го посети местото на патот Брод – Гнеотино, кој беше изграден минатата година, а каде што беше прсечен од надојдените води.

novaci 1

Во разговорот со градоначалникот на Новаци, ЛазарКотевски и кризниот штаб тој го нагласи своето задоволство од мерките кои ги презела општината Новаци за заштита од поплавите и воедно истакна дека Владата ќе направи се да одобри средства за санирање на последиците од поплавите како и набавка на градежна механизација за јавното претпријатие “Битолско поле”, кое со сегашната механизација не е во состојба да ги исчисти каналите.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*