Don't Miss
Home / Економија / Министерството за финансии во нов објект

Министерството за финансии во нов објект

Четиринаесет илјади метри квадратни распоредени на 11 нивоа опфаќа новиот објект на Министерството за финансии „Палата 23 октомври” што вечерва беше пуштен во употреба.
Новиот објект спаѓа во групата СМАРТ згради – насочена кон заштеда на енергија и заштита на околината. Во неа е сместен и современ прес-центар, како и конференциска сала каде ќе се одржуваат конференции, состаноци и дебати меѓу стручни лица за соодветни намени. Изградена е и најсовремена компјутерска систем сала, направена по најстроги стандарди, која ќе овозможи непречено и стабилно функционирање на целокупниот компјутерски систем на оваа институција, а пред сè на Трезорот и Буџетот како витални сектори на Министерството за финансии и на платниот промет во државата, соопшти Министерството за финансии.
Истакнуваат дека со доградбата на овој објект е надминат проблемот што се јавуваше поради користењето различни локации во кои беше сместено Министерството за финансии, што го отежнуваше нормалното и ефикасно функционирање. Ваквиот потфат трајно го реши деценискиот проблем од недостиг на просторни услови за работа, а државата со неговата изградба заштеди значителни средства за закупнина на објектите во кои функционираше Министерството, се вели во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*