Home / Uncategorized / Мицкоски му се жалеше на Тимоние

Мицкоски му се жалеше на Тимоние

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, придружуван од членот на Извршниот комитет, Игор Николов оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека Мицкоски истакнал дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стори се во насока на остварување на тој стратешки интерес.

-Мицкоски го информираше Тимоние и за политичкиот прогон кој се врши врз политичките неистомисленици, како и репресијата на слободната мисла. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изрази сомнеж за капацитетот на властите, судејќи по економските параметри во изминатиов период, но и забрзаното задолжување, се вели во партиското соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*