Home / Култура / Монмартр без пари за годинашната ликовна колонија

Монмартр без пари за годинашната ликовна колонија

Без ниту еден денар исплатен од Министерството за култура на детската ликовна колонија, иако одобрија само скромни сто илјади денари, за два дена ќе започне во Битола една од најзначајните светски манифестации на детското ликовно творештво “Малиот битолски Монмартр“.

Овој голем бренд на Битола и на македонската култура, организаторите од Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј“, надлежните институции ги оставија со празни раце, иако од утре во конзулскиот град ќе пристигнат сто учесници со делегации од дваесет странски држави на сите меридијани, за да учествуваат на триесет и осмото издание на оваа манифестација.

„Средствата до ден денес не се пристигнати ни од една ни од друга страна, ние го обжаливме решението на Министерството за култура и с`е уште немаме никаков одговор. Тие 100. 000 денари што ни ги доделија и тие не се пристигнати, се жалевме до државната комисија исто така немаме добиено одговор. Меѓутоа, ако чекавме тие средства да ги добиеме, верувајте немаше да се одржи “малиот битолски Монмартр“- рече низ солзи на денешниот прес Коста Хаџи Антоновски, раководител на манифестацијата.

За среќа, хотелиерите и угсотителите ширум ги отворија своите објекти за да се пречекаат гостите и нема да дозволат да пукне брука, како државата си поигрува со овој светски бренд. Најдобрите ликовни остварувања од младите ликовни амбасадори кои ќе творат во Битола и Охрид, есенва ќе учествуваат во далечниот Хонк Конг.

„Најдобрите творби и најдобрите поединци што ќе бидат одбрани тука на “малиот битолски Монмартр“, ќе бидат претставени во Хонк Конг од 1 до 4 ноември“ рече Хаџи Антоновски.

На конкурсот за годинешното издание на “Малиот битолски Монмартр“ беа пристигнати над 15. 000 цртежи на 337 училишта од 35 држави, а од оваа неисцрпна ризница, најдобрите творби ќе бидат поместени на Интернационалната изложба, за која, Министерството не одобри средства, иако и таа сама по себе, со учество на пет олимпијади, е светски бренд кој ја шири мисијата за афирмација на македонската култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!