Home / Uncategorized / МПЦ -ОА го признаа договорот со Бугарија

МПЦ -ОА го признаа договорот со Бугарија

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината од возобновувањето на нејзината автокефалност што ќе се одржи на денот на Соборот на сите македонски свети, на 30 септември и 1 октомври годинава во Охрид, упати проглас до верниците, свештенството и монаштвото, да учествуват во одбележувањето на овој голем црковен јубилеј – 50 години опстој за автокефален статус на МПЦ-ОА во семејството на Помесните православни цркви.

– Во оваа јубилејна година за МПЦ-ОА, Владите на Република Македонија и Република Бугарија, објавија акт за пријателство, добрососедство и соработка, чин во кој може да се препознае модел за решавање на отворените прашања од минатото со цел да се гради иднината меѓу братските соседни народи во рамките на евро-интеграциските процеси. Ваквите договори покрај регулирањето во општествената сфера, можат да помогнат и во решавањето на отворените црковни прашања и да остварат своја конструктивна рефлексија во градењето на релациите меѓу црковните структури во регионот, се наведува во соопштението по денешната седница на Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА.

Синодот изразува надеж дека, по полувековен опстој за автокефален статус, се ближи времето кога Сеправославната црковна полнота ќе ја препознае и прифати македонската црковна реалност, олицетворена во автокефалната МПЦ-ОА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*