Don't Miss
Home / Вести / На кој му смета симболот на Битола

На кој му смета симболот на Битола

                   

          За само неколку месеци засега непознати вандали повторно ги уништија буквите на симболот на Битола пред Градскиот часовник.

          На кој му смета овој симбол, кој по неговото поставување сатана препознатливо место каде се фотографираат голем број  домашни и странски туристи кои ја посетуваат Битола.

          -Симболот со буквите БИТОЛА, кој за кратко време стана препознатлив за градот, се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, деновиве беше по втор пат вандалски уништен. Искршена беше буквата Л. По вандалскиот чин на уништување на една од буквите, Општина Битола изврши замена на оштетената буква.Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат. Општина Битола повторно апелира на разум и негување на објектите, со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање слика за нас, како битолчани, информираат од Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*