Don't Miss
Home / Вести / На Мијалков врачено решението за домашен притвор

На Мијалков врачено решението за домашен притвор

Врз основа на добиени сознанија и преземените дејства на Обвинителството, обвинетиот Сашо Мијалков, попладнево се јави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде што му е враќено решението за домашен притвор, изјави за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тој додаде дека по врачувањето на решението за домашен притвор, обвинетиот ќе биде спроведен на извршување на мерката.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Поранешниот директор на сега згаснатата УБК е обвинет во случајот Таргет-Тврдина, за кој пресуда треба да биде изречена в петок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*