Home / Спорт / На тренинг со Ѓоко Хаџиевски, тренер на Пелистер: Напредуваме подобро од предвиденото

На тренинг со Ѓоко Хаџиевски, тренер на Пелистер: Напредуваме подобро од предвиденото

Иако,  во саботата беше последниот врнежлив ден тоа не беше пречка фудбалерите на Пелистер заедно со својот тренер Ѓоко Хаџиевски го одработуваа попладневниот тренинг.

По завршувањето на два и пол часовниот тренинг тешко беше да се каже дали тоа што сите заедно со тренерот се искиснати до кожа од дождот или пак од потта по тешкиот тренинг.

Фудбалерите во одлична атмосфера без ниту еден повишен тон работеа на тренинг, а Хаџиевски за ваквиот однос кон работата вели:

-Не знам дали се сеќавате на првиот заеднички ручек кога реков дека не сум тука да направам само фудбалери од овие деца, туку сум тука од нив да направам комплетни личности, кои ќе бидат пример за сите и надвор од тененот, секаде каде ќе се појават. Односот кој го имаат кон тренинзите е токму дел од тоа. Морам да го пофалам професионалниот однос на сите кон сите зададени задачи.
Но, за жал екипата на Пелистер имаше лош старт оваа пролет. За тоа како поминаа првите четири средби, Хаџиевски вели:

goko 2   goko 3

-Лош старт во секој случај, но како одминуваа деновите екипата станува се подобра. Тоа се забележува од коло во коло, а последниот натпревар во Скопје, против екипата на Вардар покажа каков напредок имаат овие млади фудбалери. Но, тоа не е крајот, туку уште повеќе напредуваме и овие две седмици кои ги имаме на располагање поради паузата на репрезентацијата. Имавме засилени тренинзи, а како еден податок колку има напредок, ќе ви кажам дека кога почнавме двете екипи на Пелистер, првата и “Б” екипата беа изедначени. Но, сега првата екипа редовно победува со поголема разлика, вели Хаџиевски, кој се осврнува и на судењето кон Пелистер.
-Против Работнички реално ќе беше да биде 2:2, но иако Работнички постигна три гола, ако имавме досуден пенал за нас, ќе ги стигневме. Но, тоа е фудбалот и овие млади фудбалери го имаа оваа пролет најлошото “крштевање”.
За наредното коло кога во Битола гостува екипата на Турново вели:

-Прво да кажам дека во екипата сега ќе ги имаме и двајцата повредени фудбалери Степановски и Крстевски, а во таа насока ги имам подредено и тренинзите за да можат тие да се вклопат во екипата по долгата пауза. Тука веќе се младите кои се наметнуваат од ден на ден и затоа немаме друга алтернатива, освен победа над Турново во недела. Сите фудбалери кои битолчани ги паметат по лошиот старт кога имаа олово во нозете кога имаат трема од првото коло сега имаа ново размислување. Тука морам да нагласам дека ремито во Скопје со екипата на Вардар не донесе само голем и важем бод, тоа реми донесе голем психолошки напредок на овие фудбалери, на кои им требаше самодоверба. И само гледате колку се млади и неискусни овие фудбалери. Јас верувам во нив, а се надевам дека битолчани за брзо време ќе ја имаат довербата во нив. Нивниот квалитет ќе го гледаме секојдневно, но за две-три кола ќе имаме екипа која ќе игра рамноправно со било која екипа од Македонија. На никој нема да му биде сеедно кога ќе му бидеме противник, без разлика каде играме дома или во гости.
Ѓоко ја врати вербата во играчите, но и тие со оглед на тоа како работат и со колку елан тренираат. Но, според тоа што го гледаме секој ден на тренинг и по тренинг и битолчани ја имаат вербата дека тој е на добар пат да направи добар тим, како што Ѓоко ветува.
Во саботата кога разговаравме со Хаџиевски на Ќумурното игралишта, покрај теренот имаше триесетина навивачи на Пелистер кои го следеа тренингот по дождот, кои не дозволија да разговараме, туку беа со него и го испратија до соблекувалните на Пелистер.

А, Ѓоко искиснат до кожа, бидејќи со фудбалерите беше по дождот на терен два и пол часа, продолжува во негов стил на сите да им обрати внимание, на сите да им објасни како го гледа Пелистер, како понатаму.
А, на наше изнанадување додека разговараше со публиката не пропушти да фрли око и на младите фубалери на Пелистер и на Талент, како и на женската фудбалска екипа Конзули, но и да даде некои негови забелешки кон младите, иако беа оддалечени повеќе од педесет метри.

И на крај следуваше најголемото изненадување кога Ѓоко остана пред соблекувалните сите фудбалери ги испрати.

Голманот Данаиловиќ кој заслужено доби слободни денови, доби иструкции кој да го поздрави во Црна Гора од пријателите на Ѓоко, Митиќ да ги среди некои документите во Србија, Менде Степановски доби пофалби за како напредува на тренинзите…

Едно е сигурно, а тоа е дека оваа генерација и оние кои ќе дојдат за брзо време, а се тука во младите категории имаат среќа да бидат тренирани од еден професионалец, кој по 24 години е повторно во Битола, Ѓоко Хаџиевски.

 

 

С.Ристевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*