.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Колумни / Награда наместо казна

Награда наместо казна

                       

         Иако можеби ќе звучи цинично, но се ми се чини за жал дека е така.

        Во Македонија, со одредени исклучоци,  најдобро врват и најмногу профитираат тие кои не ги почитуваат законите.  

        Во изминатите децении  од македонската независност во голем број наврати речиси сите влади на одреден начин со донесување на одредени закони и законски измени им прогледувале низ прсти и ги амнестирале од обврските и одговорноста лицата кои не ги почитувале, или ги  прекршувале  законите.

        Па така во изминатите три децении од македонската независност  бевме сведоци кога на одредени правни и физички лица им биле опростувани голем број обврски за неплатени даноци, придонеси, камати, комуналии… а во 2011 година со донесувањето на Законот за легализација беа легализирани  диво изградените објекти на десетици илјади граѓани. 

        Таквото законско решение беше донесено наводно  со цел да се легализираат дивите градби  и тие да се “урбанизираат “ за  сопствениците во иднина да можат на бесправно изградените објекти да имаат имотен лист.

        Со тој закон беа  покрај голем број мали куќарчиња, шупи,  диво изградени гаражи, поткровја, разни доградби  на обични смртници се  легализираа и голем број диво изградени   хотели, телевизии  фабрички хали, згради, хациенда…

        Илајдници граѓани за 1 евро по квадрат си ги легализираа своите диво изградени објекти.

        Во Битола таа бројка беше над 15.000.

        Кога станува збор за Битола деновиве на големи ѕвона  сопственикот на болницата Плодност иако плати за комуналии толку пари колку што му пресмета општинската админситрација  во најмала рака  беше обвинет дека наводно сакал на диво да гради болница  и беше стопиран да гради.

        Токму во деновите кога се водеше полемика во Битола дали Плодност сакала да град на диво  ново крило на болницата, или не, во Парламентот беше изгласан Законот   за легализација на дивоградбите, а сите лица кои се огрешиле п тој закон и на диво граделе беа амнестирани од било каква одговорност, па и кривична.

        Донесувањето на таквиот зкаон го поддржаа и двајцата лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

        -Законот за легализација на дивоградбите  го донесовме затоа што доколку не го донесеме  ќе треба  во државата да се срушат 50 илјади дивоградби, односно 50.000 домови на граѓани, кои живеат во сиромаштија. Што да правиме со граѓаните кои имаа право 8 години да ги легализираат објектите, но немаа пари? Немаа можност да платат елаборати, а правото законско им беше дадено. Можеме денеска да кажеме стоп на легализацијата, но тоа значи дека од утре ќе треба да се руши. Мора да се срушат 50.000 домови. Таа е одлуката пред која сум исправен јас, градоначалниците, и сите. Ќе ги срушиме овие домови или ќе дадеме можност да се легализираат, со тоа што велиме дека овој пат сите ќе платат 50 отсто повеке, изјави Зоран Заев.

Во Законот е предвидено да се амнестираат граѓаните кои со години граделе на диво, дури и во заштитени зони и национални паркови. Сега тие нема да одговараат кривично.Повторно како аргумент за донесувањето на ваквото законско решение се потенцира тоа што наводно во изминатите 8 години сиромашните граѓани не можеле да ги платат комуналиите за да си ги легализраат своите диво изградени објекти.

        Притоа намерно или не се заборава дека со амнестијата на сиромашните од обврските да ги платат комуналиите за легализираните одбјекти се амнестираат  лицата кои имаат и те како пари да платат за комуналиите  на своите  диво легализирани објекти.

        Како и во многу други случаи така и во овој случај, со донесувањето на овој Закон  се губи од вид тоа што со легализацијата на диво изградените објекти се штитат не само сиромашните, туку и голем број тајкуни, кои токму сметајќи на таквото сожалување на властите, дека ке бидат амнестирани, сите изминати години  на диво ги градеа своите објекти.

        Ако во Македонија и по 10 години од донесувањето на Законот за легализација имаме 50.000 диви градби за кои  наводно сопствениците немаат  пари да платат за комуналии, тогаш се поставува прашањето дали Македонија не е дива градба и кој е одговорен за тоа.

        Лично мислам дека е премногу наивно да се верува дека сите 50.000 гараѓани  во Македонија се толку многу сиромашни, за да не можат да платат за елаборатите за да ги легализираат своите  диви објекти по цена од 1 евро за квадрат. А да не зборуваме  за тоа каде е одговорноста на општинските  и државните служби  кои цело време додека на диво се граделе објектите с еправеле дека ништо не гледаат и што по 11 години сеуште не успеаја да ги натераат граѓаните да си платат за легализација на своите објекти.

        Се ми се чини дека ваквото неодговорно однесување  е на илјадници е последица на се почестото носење на закони со кои се изигруваат законите и во најмала рака затскривање зад наводно сиромашните граѓани кои не можат да платат  ни симболични средства за легализација на своите диво изградени објекти.

Лично мисалм дека тоа  е само маска со која на мала врата се сака да се легализираат имотите на бројни тајкуни и да се изземе одговорноста на инспекциските органи пред чии очи во Македонија со децении нелегално и на диво се градат огромни обејкти, кои подоцна се продаваат за огромни пари по пазарани цени.

Затоа со донесување на вакви закони за амнестирање на сирамашните практично се амнестира безаконието во државата и континуираното изигрување на законите, кое на  мал број богати лица им носи огромни профити.        

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*